Сте ја заборавиле лозинката?  
Корисничко име:   
Лозинка:   
 
 
 
   
 
 


JobFair 2012 - Повеќе од саем за вработување и кариера

БЕСТ Скопје со задоволство Ви го претстатува 8миот по ред саем за вработување и кариера JobFair, што ќе се одржува во холот на Факултетот за електротехника и информациски технологии од 9ти до 11ти април 2012 година.

Свеченото отварање ќе биде на 9ти април, а на 10ти и 11ти април во холот на факултетот ќе бидат поставени штандови каде што студентите ќе имаат можност да стапат во директен контакт со своите работодавци, како и да го остават своето CV.

Постои и можност за електронско оставање на Вашето CV, а тоа можете да го направите овде. Распоредот на настанот можете да го најдете овде.

 

алт          alt

 

Зошто јас го посетив минатиот JobFair, а зошто ти треба да го посетиш овој?

Јас уште го чекам денот кога ќе ми притреба квадратен корен од косинус по два пати лимес од синус на х-та ...

На што помислувате кога ќе слушнете: „Тоа ќе ти треба во иднина“ ? Квадратен корен од косинус по два пати лимес од синус на х-та ? И јас!! А кога ќе слушнете : „Тоа е добро за тебе“? Јас помислувам на брокула ... не знам за вас. А што кога ќе слушнете „Тоа е добро и ќе ти треба“? Е тогаш помислувам на Job Fair. Ако се прашувате зошто, дозволете ми на кратко да ви објаснам. На кратко-ветувам.

Пред една година се зачленив во BEST и тоа токму во периодот кога го спремаа Job Fair. Ми кажаа за што се работи (со насмеани лица) и инстант се фатив на јадицата. (Факт нумеро уно-Тим што неверојатно добро функционира!) Ми кажаа: „Ќе има многу компании и нивни претставувања и ќе има многу студенти ... единственото нешто што ти треба да го направиш е да дојдеш и да пополниш CV, да го предадеш, да си поправиш муабет и да си поминеш супер“. Како речено-така сторено. (Факт нуморо дуе-Дојдов, дадов CV во неколку компании и запознав милион нови луѓе) Уште на самиот почеток на настанот имаше многу добра атмосфера – летаа луѓе наваму натаму, сокчиња, насмевки, CV-ња, комплименти ... па само јас може едно сто пати кажав колку е се добро осмислено и реализирано. (Факт нумеро трЕ – навистина беше!) Е сега, еве уште еден факт без загради ... поминаа неколку месеци и погодете што – ми се јавија од една од компаниите! Само затоа што не знам дали е во ред да кажам која, како и што, нема да кажам (инаку јас радо би си се пофалила), ама тоа не е ни важно. Важно е дека ми се јавија!

Епа ако уште го чекаш денот кога ќе ти притреба квадратен корен од косинус по два пати лимес од синус на х-та ... чекај го. Ама не чекај следен Job Fair! Овој е вистинскиот за тебе. Со сигурност можам да кажам „Ќе биде добар и ќе ти треба!“

Тамара

 

            

 

Сакам да присуствувам на саемот за вработување и кариера!

Навидум едноставна реализација. Навидум уште еден Саем за вработување. Навидум уште еден од многуте во масата на истоимени проекти.

- Знаеш ли што е Job-Fair? - го прашав.

- Да, ми одговори потврдно тој. Саем каде што фирмите го покажуваат она што ги разликува од другите и саем каде што студентите се обидуваат да присуствуваат целосно за да бидат забележани од нив, од истите долго посакувани компании.

- Добро, - му реков - ја гледаш кратката проекција на целта на овој настан. Но, дали можеш да го увидиш тоа што не се гледа, патот до таа реализација?

Тој се намевна полу-цинично, обидувајќи се да ја омаловажи макотрпната работа, обидувајќи се да го направи она што сметам дека е големо- мало, обидувајќи да стави граници на она што не може да се измери.

Се насмевнав и јас, не дозволувајќи и да го слушнам  одговорот што го видов, заради необјаснет порив започнав да зборувам. Доволно јасно и доволно гласно за да го одбранам  тоа во кое што  верувам:

- Можеби да, само што станав член на БЕСТ и можеби да, започнав наивно да работам на проектот, како и многу други млади членови, не очекувајќи ништо и сé истовремено. Но, тоа што го видов и почувствував, не беше ни одблизу "навидум едноставна реализација". Гледав радости за закажани први состаноци, за добиени потврдни одговори. Радости за добро завршени мали работи. Започнав да се идентификувам со мојата организација, како таа од секогаш да била дел од мене. Маса на одговорни луѓе беа присутни секогаш за секој проблем, за секое решение. Со самото тоа што гледаш како ти се грижиш и се потресуваш за секоја ситница, не можеш да си објасниш зошто тоа ти е толку важно. Кога успеа проектов во кој ти навивно влезе да стане толку нешто големо за тебе?! Гледаш и само присуствуваш. На заедничките желби и стравови и си целосно исполнет. Зошто на крајот на денот си придонел за нешто што е поголемо од самиот себе, си придонел за БЕСТ и за сите тие луѓе кои се посветија целосно за овој настан да стане реализација.

Ме гледаше со внимание. Кога завршив, тивко и малку засрамувачки одговори:

- Сакам да присуствувам на саемот кога ќе се одржи.

Марија Марковска



       

       



      

      

       

       

       

       



      







 
   
  Copyright © IT Team BEST Skopje