JobFair

Организирано од: BEST Skopje


Nordeus на овогодинешниот JobFair

Поставено на 2014-03-02 21:01:29


img/nordeus.png

По првпат на Job Fair учествува европскиот лидер кога станува збор за креирањето на видео игри – Nordeus. Несомнено станува збор за најуспешниот гејминг старт-ап бизнис, а тоа го докажуваат со добиените шест награди. Нивната најпозната игра – Top Eleven, е најиграната онлајн спортска игра во светот, со 11 милиони корисници месечно на веб, Android и iOS. Нивната цел е да прават бесплатни и достапни онлајн игри за широк спектар на луѓе.
Воедно, Nordeus е најбрзо растечката компанија во Европа. Со свои претставништва во Белград, Сан Франциско, Даблин и Скопје, тие се на чекор поблиску до вас.

За повеќе информации посетете го сајтот www.nordeus.com


GEING учесници на саемот JobFair 2014

Поставено на 2014-02-27 16:37:23


img/geing.png

Уште еден учесник на саемот од полето на градежништвото е GEING Krebs und Kiefer International, компанија со претставништво во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина.

За повеќе информации, посетете ја www.geingkuk.com


Први учесници на JobFair 2014

Поставено на 2014-02-27 15:26:18


img/arcelorMittal.png

Десеттиот по ред Саем за Вработување и Кариера ги доби првите компании. Една од нив е градежната компанија Арцелор Миттал, која е светски водечки производител на челик, поседувајќи објекти за негова изработка во повеќе од 20 земји, и производство од околу 130 милиони тони годишно. Главни пазари за овие производи се градежништвото и механичкото инженерство, како и енергетските и автомобилските апликации.
 
 
Челикот и челичната експертиза на АрцелорМиттал исто така биле вклучени во многу уникатни меѓународни проекти, како што се актуелните инженерски напори да се спаси Венеција од тонење, дизајнот, производството и изградбата на евтини станови за домување на маргинализираните заедници заедно со добротворната организација Хабитат; како и изградбата на Олимписката Орбита, АрцелорМиттал скулптура во Лондонскиот Олимписки парк. 
За повеќе информации, посетете ја www.arcelormittal.com


JobFair 2014

Поставено на 2014-02-09 20:35:06


img/JF.png

Оваа година се одржува десеттото издание на Саемот за вработување и кариера кој е од огромно значење за сите оние студенти (како и веќе дипломирани) кои бараат пракса или вработување. Годинава овој веќе добро познат саем ќе се одржи на кампусот технички факултети (од 10-12 март) и градежниот факултет (13-14 март). Саемот е во организација на невладините студентски организации БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) Скопје како и Студентскиот Парламент при Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство. Ве очекуваме!