JobFair

Организирано од: BEST Skopje


Практикантска програма од AmCham „ОТВОРИ ВРАТА“

Поставено на 2016-04-09 14:45:04



Компаниите членки на АмЧам Македонија нудат бројни практикантски места за високо мотивирани студенти од домаќинства со ниски примања.
Во 2015 год., компаниите членки на АмЧам Македонија понудија 23 практикантски места на учесниците во програмата и примија практиканти во следниве компании: ПроКредит банка, ЕВН Македонија, Вабтек МЗТ и Рош Македонија.
За аплицирање, потребно е да ги доставитe следниве документи на info@amcham.com.mk: целосно пополнета апликација, доказ за статус на домаќинство со ниски примања (пр. копија од договорот/решението од МОН за доделување на стипендија за студенти од социјалните категории).

Целиот оглас можете да го погледнете тука.


Платена пракса во Цементарница УСЈЕ

Поставено на 2016-01-27 17:40:29


img/titan.jpg

Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка определба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, започнува ПРОГРАМА ЗА ОБУКА ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ. Како дел од Програмата, а врз основа на нашата посветеност и експертиза во областа на безбедноста и здравјето при работа, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за ангажирање и професионален развој на 5 инженери во Секторот за безбедност и здравје при работа.

Целиот оглас можете да го погледнете тука.


ENDAVA Graduates Programme

Поставено на 2015-10-23 18:20:12


img/ENDAVA-Graduates-Programme.jpg

Dear Students,
Let us introduce you the GRADUATES PROGRAMME in ENDAVA – Skopje.

Endava is hiring passionate IT students interested in expanding their technical knowledge and experience.

If you are eager to start career in Testing apply here.

If you are eager to start career in Development here.

We invite you to apply by November 2nd, 2015!
Good luck!


Пракса во 6PM

Поставено на 2015-06-28 18:56:46


img/6pm.png

Заинтересирани сте да го поминете летото како практиканти во иновативна и забавна компанија? 6ПМ Групацијата е во потрага на ИТ студенти кои што имаат способност за брзо учење, имаат исклучителна способност за запазување на детали – Погледнете ја можноста за практикантска работа на нивната веб страна.


Graduate & Internship Programmes in Endava

Поставено на 2015-06-19 12:08:09


img/Endava-Skopje-Internship-and-Graduate-Programme-Small.png

Endava има отворени позиции за аплицирање за нивните програми за дипломци и за практиканти. Ако сте студент од областа на IT, и сакате да ги усовршите вашите IT вештини и да учите од врвни професионалци од реномираната британска компанија, тогаш ова е шансата за вас.

Тука можете подетално да ги разгледате програмите за дипломци и практиканти и да аплицирате за истите.

Grow your talent and Create your future


6PM

Поставено на 2015-05-05 10:18:00


img/6pm.png

6PM е водечка IT компанија чија дејност е креирање на апликации за здравствениот сектор како и други професионални сервиси за подобрување на ефикасноста во работењето. Таа може да се пофали со повеќето награди освоени за своите софтверски решенија.

Најголемата мотивација на тимот е можноста да технологијата ја интегрираат во здравствениот систем со што бенефиции ќе имаат како пациентите, така и докторите. Доколку сакаш да работиш со еден ваков тим, има 5 отворени работни места кои можеби ти одговараат токму тебе, па затоа не заборавај да го посетиш нивниот штанд утре и задутре во просториите на ФИНКИ/ТМФ.