JobFair

Организирано од: BEST Skopje


Вработување во Geing Krebs und Kiefer

Поставено на 2014-06-04 15:03:57


img/geing.png

Geing Krebs und Kiefer објавува конкурси за вработување за неколку слободни работни позиции:

- Техничар (СПП со Профил: технички средни училишта/гимназии);
- Проектант за Инженерска Геологија (Дипломиран Инженер Геолог);
- Одговорен Проектант за Инженерска Геологија (Дипломиран Инженер Геолог)
како и
- Oдговорен Проектант за Хидрогеологија (Дипломиран Инженер Хидрогеолог)

Дневното работно време за сите работни позиции е помеѓу 8:00 и 16:00 часот. Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите по електронска пошта на:  kariera@geing.com.mk
Рокот за аплицирање е до 23.06.2014 а повеќе информации може да најдете тука.


Вработување во Градежен Институт Македонија

Поставено на 2014-06-02 20:46:31


img/gim.png

Градежен Институт Македонија објавува конкурс за вработување за две слободни работни позиции:

- 1 (еден) дипломиран градежен инженер (насока Патишта и железници) како и
- 1 (еден) дипломиран инженер технолог (насока Неорганско инженерство и заштита на животната средина)

Дневно работно време на работникот е помеѓу 7:30 и 15:30 часот а неделното работно време изнесува 40 работни часови. Огласот е отворен за аплицирање до 8.06.2014 а повеќе информации за истиот може да најдете тука.


Inside Development

Поставено на 2014-03-19 19:20:17


http://i.imgur.com/1lMbjAC.jpg?1

Inside Development е уште една во низата компании кои зедоа учество на JobFair 2014 и имаа можност да се претстават себеси пред студентите на техничкиот кампус.

Инсајд е софтверска компанија посветена на развој на квалитетни и иновативни решенија. Работиме на enterprise проекти во Java, а истовремено инвестираме и во развој на наши производи, за што користиме најнови web и мобилни технологии како Groovy, Grails, iOS, HTML5… Во Инсајд веруваме во соработка и добар тимски дух меѓу нашите вработени, затоа работиме по најновите Agile методологии.

За повеќе информации посетете ја нивната веб страна: www.inside-development.mk


Жикол на овогодинешното издание на JobFair

Поставено на 2014-03-15 19:20:39


img/zikol.png

Уште една компанија од областа на градежништвото која зема учество на овогодинешниот Job Fair е ЖИКОЛ. Оваа компанија како македонски бренд - ЛИДЕР во градежната индустрија , повеќе од 25 години успешно ја гради својата мисија.

Како водечка компанија во својот сектор ЖИКОЛ го обезбдедува комплетниот опсег на услуги во областа на градежништвото и пазарот на недвижнини.

За повеќе информции посетете ја нивната веб страна: www.zikol.com.mk


Распоред на предавања на градежниот факултет во четврток (12.03.2014)

Поставено на 2014-03-12 19:35:13


img/JF.png

Позната е и агендата на предавања за утрешниот ден во склоп на овогодинешниот JobFair на Градежниот Факултет:

11:00-11:45 - Проф. д-р Горан Марковски - „Градежната експанзија, шанса и предизвик“
11:50-12:35 - Проф. д-р Дарко Мославац, асист. м-р Златко Зафировски - „Подземна сообраќајница во Скопје, осврт кон технологија на изведба“
12:40-13:20 - Проф. д-р Тодорка Самарџиоска, Ана Караџа, Сања Гашпарова - „Приказ на методи за градба на енергетски ефикасни објекти“
13:25-13:45 - Дискусија (отворено за сите заинтересирани)

За присуство на некое од горенаведените предавања може да се пријавите на следниов линк.


Нетцетера на JobFair 2014

Поставено на 2014-03-11 15:23:49


http://i.imgur.com/xVAhErd.jpg

Распоредот за презентациите и предавањата кои ќе се одржат на овогодинешното издание на Саемот за Вработување и Кариера - JobFair 2014 можете да го погледнете на следниов линк.

Сите заинтересирани кои би сакале да присуствуваат на некое од наведените предавања треба да се пријават преку следнава форма.

НАПОМЕНА: Секое пријавување е важечко само доколку корисникот има оставено свое CV на веб страната.