Што е Job Fair?

JobFair е замислен како Саем на кој компаниите ќе имаат свој штанд,односно место
каде сите заинтересирани студенти, дипломци и постдипломци ќе можат да прашаат кои
знаења и вештини треба да ги поседуваат за нивно идно успешно вработување.
Пред саемот, како и за време на него, на оваа веб страна се собираат CV-а од заинтересираните
студенти. Сите CV-a ќе бидат дистрибуирани до компаниите кои учествуваат на саемот.
Кариерната поддршка е еден од главните сервиси којшто студентската организација
БЕСТ (Борд на европски студенти
по технологија) ги нуди на студентите. Ова го правиме затоа што сметаме дека наоѓањето
квалитетно работно место е важен дел од животот на секој студент. Од универзитетите
во земјава годишно дипломираат голем број на млади ентузијасти, со големи амбиции
и мотивирани за работа. Нашата цел е да ги поврземе младите луѓе со компаниите каде
ќе можат да изградат успешна кариера.
БЕСТ - Скопје кариерната поддршка ја реализира преку организирање на саем за вработување
и кариера - Job Fair. Оваа година овој проект го реализираме по четврти пат. сметаме
дека наоѓањето квалитетно работно место е важен дел од животот на секој студент.
Од универзитетите во земјава годишно дипломираат голем број на млади ентузијасти,
со големи амбиции и мотивирани за работа. Нашата цел е да ги поврземе младите луѓе
со компаниите каде ќе можат да изградат успешна кариера.
БЕСТ - Скопје кариерната поддршка ја реализира преку организирање на саем за вработување
и кариера - Job Fair. Оваа година овој проект го реализираме по четврти пат.
Интернационална кариера
БЕСТ нуди и кариерна поддршка на интернационално ниво. За таа цел функционира BCC - BEST Career
Centre. Со помош на овој сервис може да пребарувате низ понудите за вработување
коишто ги оставаат интернационалните партнери на БЕСТ или пак да се промовирате
себеси со тоа што ќе го оставите вашето CV.
|