JobFair

Почитувани, ве известуваме дека во изградба е нова страница на JobFair. Stay tuned!


Организирано од: BEST Skopje


Нетцетера на JobFair 2014

Поставено на 2014-03-11 15:23:49


http://i.imgur.com/xVAhErd.jpg

Распоредот за презентациите и предавањата кои ќе се одржат на овогодинешното издание на Саемот за Вработување и Кариера - JobFair 2014 можете да го погледнете на следниов линк.

Сите заинтересирани кои би сакале да присуствуваат на некое од наведените предавања треба да се пријават преку следнава форма.

НАПОМЕНА: Секое пријавување е важечко само доколку корисникот има оставено свое CV на веб страната.


Распоред на презентации и предавања

Поставено на 2014-03-09 17:12:32


img/JF.png

Распоредот за презентациите и предавањата кои ќе се одржат на овогодинешното издание на Саемот за Вработување и Кариера - JobFair 2014 можете да го погледнете на следниов линк.

Сите заинтересирани кои би сакале да присуствуваат на некое од наведените предавања треба да се пријават преку следнава форма.

НАПОМЕНА: Секое пријавување е важечко само доколку корисникот има оставено свое CV на веб страната.


JobFair 2014 маркетинг видео

Поставено на 2014-03-09 15:19:09




TITAN CEMENTARNICA USJE НА JOBFAIR 2014

Поставено на 2014-03-07 22:49:24


img/titan.png

Цементарница УСЈЕ АД е производител на цемент и други градежни материјали, членка на Групацијата ТИТАН, која е мултирегионален производител на цемент. Основана е во Скопје во 1955 година и претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нивните постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нивната филозофија на одржлив развој. Компанијата го снабдува локалниот пазар, како и пазарите во регионот (Косово, Албанија и Бугарија).

Повеќе информации на www.usje.com.mk.


Hyera Software

Поставено на 2014-03-07 22:19:12


img/hyera.png

На наше огромно задоволство, оваа година Job Fair ќе може да се пофали со еден исклучително посебен учесник, а тоа се Hyera Software.
Hyera Software е италијанска компанија основана во 2000-та година и е специјализирана во развојот на управување со ефикасни решенија и мерење на ефикасноста. Оваа компанија во годината на отпочнување на својата работа била меѓу првите во светот кои нуделе услуги основани на софтверот.
Hyera Software се лидери кога станува збор за системскиот менаџмент saas. Моментално имаат повеќе од 2000 малопродажни објекти на мултинационално ниво, меѓу кои лидери на големи трговски претпријатија, кои ги користат нивните услуги.

За повеќе информации посетете го сајтот www.hyerasoftware.com


6PM Group

Поставено на 2014-03-06 13:33:53


img/6pm.png

Друга компанија која оваа година ќе можете да ја видите на Job Fair e 6pm - етаблирана IT и група за софтверски решенија. Има преку 100 технолошки консултанти во Малта, Велика Британија и Македонија. Главното поле на активност на оваа компанија е обезбедување на распон од IT решенија и услуги кои ќе им овозможат на организациите и поединците да ја подобрат и оптимизираат нивната ефикасност. 6PM нуди целосен спектар на ICT услуги и производи од Инфраструктурни решенија до хостинг опции.

Инаку, името 6pm доаѓа од 6 „P“ Моделот, кој означува: Филозофија, Принципи, Луѓе , Пракса, Процес и Производи. Повеќе информации може да прочитате на нивната веб страна: www.6pmplc.com