JobFair

За проектот


slikata ne moze da se prikaze

Што е Job Fair?


JobFair®е саем за вработување на студенти, дипломци и постдипломци кој се одржува на комплексот технички факултети (ТМФ, МФС, ФЕИТ и ФИНКИ), на Градежен и Архитектонски Факултет во Скопје и претставува најголем проект кој е организиран од БЕСТ Скопје. JobFair® им ја нуди можноста на студентите и дипломците да учествуваат на тренинзи со кариерно поврзана тематика, да стапат во директен контакт со работодавците и да се информираат за понудата и главните активности на компаниите учеснички.


Студентите ќе имаат можност да го остават своето CV во електронска форма, за да потоа компаниите учеснички можат слободно да одберат квалитетен кадар, кој ќе придонесе во нивната работа и пробивот низ стегата од конкуренцијата. Оваа година JobFair се одржува по 13ти пат и традицијата како и искуството покажале дека е еден од најдобрите начини за студентите да добијат можност за пракса и вработувања во престижни и успешни компании во Македонија. Саемот годинава ќе се одржи во првата седмица од мај.


slikata ne moze da se prikaze

Зошто да учествувате?

За да бидете дел од големиот европски бренд кој претставува визионерство и престиж. За да учествувате во интеграцијата меѓу студентите и компаниите на еден од најперспективните факултети во државата. За да имате ексклузивна можност да избирате за вработување меѓу најинформираните, најобразованите, најмотивираните за напорна работа, студенти од најквалитетните државни факултети. За да бидете промовирани во јавноста преку големата маркетинг кампања извршена по стандардите на брендот JobFair во Европа и пред се за да бидете чекор пред Вашата конкуренција.